Јокиќ одново одигра за историја, ама со наведната глава го напушти теренот (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше уште една историска партија во натпреварот против Лос Анџелес Клиперс, но тимот на Денвер Нагетс сепак беше поразен со 104-109.

И покрај личниот рекорд од седум успешни тројки, Јокиќ изрази незадоволство, велејќи дека „мора да бидеме подобри“. Со девет скокови и четири асистенции, тој покажа одлична игра, но инсистираше дека индивидуалната статистика не е доволна за тимски успех.

„Само затоа што постигнав повеќе од 40 поени вечерва, не значи дека играв добро. - Мислам дека сите мора да бидеме подобри. Мислам дека не треба да се доведува во прашање моето трпение бидејќи сум со момчињата, не сум одделен од нив. Така што само затоа што постигнав многу поени не значи дека играв добро или слабо. Мислам дека сите мораме подобро“, изјави Јокиќ.

Србинот на овој меч постигна 41 поен со 7/14 за два и 7/12 за тројки, како и 6/8 од пенали, но поради поразот не беше задоволен. Мареј додаде 22 поени, а остатокот од тимот потполно потфрли. Новиот играч на „нагетс“, Расел Вестбрук, имаше криминални 0/8 шут од игра, а ниту Портер, Гордон, Шариќ не се прославија. Во победничкиот тим најефикасен беше Пауел со 37 поени, а одличен натпревар одигра и искусниот Џејмс Харден, кој имаше 23 поени и 16 асистенции. Хрватскиот центар Ивица Зубац натпреварот го заврши со 24 поени и 15 скока.