Јокиќ одмори, па направи нов трипл дабл и тоа монструозен (ВИДЕО)
Шампионот го победи Хјустон со 134-124, а Србинот оствари нов трипл дабл и тоа каков. Постигна 32 поена, 15 асистенции и 10 скока, а не загуби ниедна топка и тоа е негов трет трипл дабл во кариерата со над 30 поени, а без загубена топка што не му успеало никому во последните 40 години.
Уште една позитивна работа за Денвер е враќањето на Џамал Мареј кој ги пропушти последните 11 натпревари поради повреда, а без кого Нагетс забележаа шест победи и пет порази. Со триумфот против Хјустон, шампионот се уште има максимален ефект на домашен терен (9/0).
Што се однесува до Хјустон, иако е евидентен напредокот во однос на минатата сезона, се уште нема победа на гостински терен, на седум натпревари.
Покрај Јокиќ кај Денвер се истакна уште Портер со 30 поени и 10 скока, вклучувајќи 7 тројки од 12 шута. Повратникот Мареј заврши со 16 поени, 6 скока и 6 асистенции. Во тимот на Хјустон, Грин постигна 26 поени, а Шенѓун 22.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит - ЛА Лејкерс 107-133
Орландо - Вашингтон 139-120
Торонто - Феникс 112-105
Мемфис - Јута 105-91
Њу Орлеанс - Филаделфија 124-114
Денвер - Хјустон 134-124
Сакраменто - ЛА Клиперс 117-131