Јокиќ одличен против Детроит, Кари беше незадржлив за Милвоки (ВИДЕО)

Никола Јокиќ постигна 27 поени за 27 минунти игра и го предводеше Денвер до победа од 134-119 против Детроиот во рамки на НБА-лигата. 

Српскиот центар придодаде и 11 асистенции, што за него беше 83-ти натпревари со двоцифрен број асистенции и сега има два повеќе од легендарниот Вилт Чемберлен. Мајкл Портер Џуниор и Вил Бартон беа на ниво кај Нагетс со 25, односно 24 поени. Џерами Грант, поранешниот играч на Денвер, најмногу се истакна кај Детроит утринава со 29 поени. 

Стеф Кари беше незадржлив за Милвоки и постигна 41 поен во победата од 122-121 против Милвоки. Кај Бакс најдобри беа Џру Холидеј со 29 поени и Крис Мидлтон со 28 поени. Најдобриот играч на Милвоки, Јанис Адетокумпо одмораше втор натпревар по ред поради проблеми со коленото.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Индијана - Чикаго 97-113
Атланта - Њу Орлеанс 123-107
Бостон - Филаделфија 96-106
Торонто - ЛА Лејкерс 101-110
Мајами - Мемфис 112-124
ЛА Клиперс - Портланд 133-116