Јокиќ од друга планета: Трипл-дабл каков што не е виден во историјата на НБА (ВИДЕО)

Денвер го совлада Феникс со 149-141, а Никола Јокиќ одигра натпревар каков што не е виден во историјата на најсилната светска кошаркарска лига.

Србинот стана прв кошаркар во постоењето на НБА со трипл дабл изразен со најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции бидејќи натпреварот го заврши со 31 поен, 21 скок и 22 додавања. Пред него, само Расел Вестбрук и Вилт Чембрлен имале трипл дабл 20/20/20, но никој никогаш не успеал да го постигне ова што направи Јокиќ. Освен тоа, во последните 50 дена ова е негов втор трипл дабл со 30/20/15 што, исто така, не му успеало на ниеден кошаркар во историјата на НБА.

Ова беше 29. трипл дабл на Јокиќ оваа сезона и сега му недостасуваат 13 да го израмни, а 14 да го надмине рекордот на Расел Вестбрук кој изнесува 42 со тоа што до крајот на сезоната му остануваат уште 19 натпревари. До трипл дабл против Феникс, Србинот стигна по само 20:38 минути во игра што е деветти најбрз во историјата на НБА.

Што се однесува до натпреварот, Денвер водеше и со 21 поен разлика, но си ја искомплицира ситуацијата и се најде во позиција дури и да загуби бидејќи во финишот Феникс поведе со 122-120. Натпреварот отиде во продолжение каде Денвер отвори со 7-0 и постигна вкупно 22 поена, па победата потоа не беше доведена во прашање.

Најефикасен на мечот беше Букер со 34 поени, а кај Денвер се истакна уште Гордон со 27 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Торонто - Јута 118-109
Мајами - Минесота 104-106
Оклахома - Портланд 107-89
Денвер - Феникс 149-141
Сакраменто - Сан Антонио 127-109
ЛА Клиперс - Њујорк 105-95