Јокиќ ја доби „балканската војна“ со Нуркиќ, ама - со мала помош од судиите (ВИДЕО)

Директната пресметка помеѓу сезонава фантастичните Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ во САД беше проследена со епитетот „балканска војна“, што и се покажа како точно на паркетот, секако во најспортскиот можен аспект со оглед на одличната играта на центрите од Србија и од БиХ.

Босанецот за малку ја доби индивидуалната пресметка, но по мечот се радуваше Србинот со оглед на победата на неговиот Денвер нагетс против Феникс санс (119-111). Јокиќ, сепак, во клучните моменти доби мала помош од судиите, кои токму врз него му го досудија петтиот прекршок на Нуркиќ и тоа во ситуација кога „сонцата“ имаа можност резултатски да се вратат во игра. На снимката се гледа дека српскиот кошаркар прво со лакти го турка својот ривал, кој поради тоа едвај останува на нозе, што остана несанкционирано од судиската тројка, која потоа едно вообичаено судиско движење го проценија како прекршок во напад на босанскиот ас. Набрзо потоа следуваше и шестиот.

„Никогаш досега не сум бил казнет поради коментирање на судиски одлуки, па така и сега не сакам да се мешам околу тоа. Сами проценете дали сум оштетен“, изјави Нуркиќ по мечот.

Репрезентативецот на БиХ за 33 минути одиграни на оваа средба постигна 31 поен, додека Јокиќ средбата ја заврши со 21 поен, со рекордни сезонава 16 асистенции. Кевин Дурант во дресот на Феникс постигна 30 поени, со што влезе во Топ 10 најдобри стрелци во историјата на НБА лигата. Тој сега има 27.423 поени, надминувајќи го Мозес Мелоун (24.409 поени) и тоа со 326 помалку одиграни мечеви.

РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Вашингтон 130-125, Бостон – Филаделфија 125-119, Далас – Мемфис 94-108, Торонто – Њујорк 106-119, Њу Орлеанс – Сан Антонио 121-106, Феникс – Денвер 111-119.