
„Јокиќ е на исто ниво со Џордан, а подобар е од Леброн, Кари и Дурент – заедно!“
Тој, според поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, е дури подобар од Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент заедно – изјава која предизвика бурни реакции во американската јавност.
„Кога ќе се погледнат бројките на Јокиќ, без да се земат предвид титулите, може да се каже дека е подобар од Леброн, Кари и Дурент заедно. Тие тројца се темелот на оваа генерација, но патот на Јокиќ во последните четири години можеби е и потежок од нивниот. Единствено што му недостасува се прстените, а единствениот со кого може да се споредува е Мајкл Џордан“, изјави Пирс.
Србинот вечерва ќе има нова шанса за докажување, кога неговиот Денвер нагетс ќе се соочи со Оклахома сити тандер (21.30 часот) во одлучувачкиот меч за пласман во финалето на Западната конференција.
ФОТО: EPA PHOTO