Јокиќ безмилосен – им даде 55 поени на Клиперс (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден брилијантен натпревар, во победата на Денвер Нагетс над Лос Анџелес Клиперс со 130-116.

Тој одигра само 33 минути, од кои едвај две во последната четвртина, но и покрај тоа постигна дури 55 поени со одличен шут од поле 18/23 или 78% успешност. Промаши само еден од шесте обиди за тројка и две од 16 слободни фрлања. Освен што беше убедливо најдобар стрелец на натпреварот, тој беше и најуспешен скокач (12) и асистент (6). Којзнае каква ќе беше изведбата на Јокиќ до крајот ако тренерот Дејвид Аделман не го одмореше во поголемиот дел од последната четвртина.

Јокиќ прво речиси сам ги држеше Нагетс во игра против Клиперс, а потоа им обезбеди убедлива победа долго пред крајот. Ја заврши првата четвртина со дури 25 поени, што е најмногу од играч во една четвртина оваа сезона во најсилната лига. Јокиќ така ја заврши првата четвртина со речиси двојно повеќе поени од сите негови соиграчи, бидејќи тие постигнаа само 14 поени во тој период.

Клиперс водеа со 68-63 на полувремето, а Јокиќ дотогаш имаше повеќе од половина од вкупниот број поени на својот тим (33).

Во домашниот тим, Џејмс Харден беше најефикасен со 23 поени (6/15 шут од поле, 1/6 тројки) со осум скока и пет асистенции. Џордан Милер додаде 22 поени од клупата. Ивица Зубац не можеше да се справи со Јокиќ. За 31 минута во игра, тој постигна 18 поени (9/14 шут од поле) со осум скока, две блокади и една асистенција, но во одбраната немаше никаков одговор за него. За Денвер ова беше шеста победа во низа, а за Клиперс шести пораз по ред.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Милвоки 111-100
Детроит – Чикаго 124-113
Њујорк – Орландо 107-124
Бостон – Мемфис 131-95
Мајами – Кливленд 116-130
Хјустон – Вашингтон 135-112
Њу Орлеанс – Портланд 117-125
Сан Антонио – Голден Стејт 120-125
Далас – Феникс 114-123
Оклахома – ЛА Лејкерс 121-92
Сакраменто – Атланта 100-133
ЛА Клиперс – Денвер 116-130