Станковиќ полуде: Почна на англиски, па на италијански и заврши со навреди кон новинар на српски јазик (ВИДЕО)

Пред два дена излезе информација дека Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Спартак Москва, по турбулентните месеци на клупата на рускиот гигант.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави и видео од неговата расправија со новинар по натпревар во домашното првенство и може да се каже дека српскиот тренер никогаш не бил понервозен . Многумина веруваат дека причината за раскинувањето е инцидентот што се случил веднаш по триумфот со Ахмат, кога српскиот тренер дал изјава на руски новинар по натпреварот, а откако не му се допаднало едно прашање, избувнала расправија.

 

 

Неверојатно е што Станковиќ додека ја дава изјавата зборува на англиски, потоа на италијански и на крајот на српски јазик. Новинарот го прашува за наводна расправија, а Станковиќ одговара:

„Не, го поздравив Богосавац, не знам за што зборуваш“.

Новинарот се обиде да ја заврши приказната таму, но Станковиќ не го стори тоапродолжува да се расправа и да менува јазици како на лента.

„Имаш ли уште прашања? Дали само тоа го имаше? Дали си новинар, зошто ме прашуваш тоа? Зошто ме провоцираш? Дали знаеш нешто за фудбал? Која формација ја користевме, кого заменивме, не знаеш. Ти и другите само ова можете да прашате, што сакате?“

На крајот, тој имаше навреда за еден руски новинар:

„Што сакаш брате, што сакаш? Смрдле едно“, заврши Станковиќ и го напушти кадарот.