Флик не го сака Меси на кратка позајмица!

Се појавија гласини дека Лео Меси во јануари би можел да пристигне на кратка позајмица во Барселона, но се појасно е дека тоа нема да се случи.

Во минатото се случуваше кога сезоната во МЛС ќе заврши, фудбалери да се префрлат во Европа на краткорочна позајмица, таков беше случајот и со Дејвид Бекам кој играше за Милан.

Сега се појавија шпекулации дека Меси би можел да се врати во Барселона, но станува јасно дека тоа нема да се случи.

Најпрво Жоан Лапорта негираше такво нешто, а сега „Ел Национал“ пишува дека и тренерот Ханси Флик е против таа идеја.

Германскиот стратег смета дека е непотребно да го носат Меси на краткорочна позајмица.