Организаторите одлучија: Отворањето на Евро 2028 во Кардиф, финалето на Вембли
Домаќини на турнирот се Англија, Шкотска, Велс и Ирска, ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации од кои 20 преку квалификации: 12. победници на групите и осумте најдобри второпласирани селекции. Останатите две места ќе се пополнат преку плејоф во кој ќе учествуваат деветтата и десеттата втортопласирана репрезентација и двете најдобри од Лигата на нации.
УЕФА објави дека првиот натпревар од првенството ќе се игра на стадионот Принсипалити во Кардиф. Четвртфиналните дуели ќе се одржат во Кардиф, стадионот Авива во Даблин, Хемпден Парк во Глазгов и Вембли. Другите стадиони што ќе бидат домаќини на натпреварите се стадионот Етихад во Манчестер, стадионот Тотенхем Хотспур во Лондон, Вила Парк во Бирмингем, новиот стадион Хил Дикинсон на Евертон и Сент Џејмс Парк во Њукасл.
Ждрепката за квалификациската рунда ќе се одржи во Белфаст на 6 декември 2026 година. Бидејќи има четири земји домаќини, тие нема автоматски да се квалификуваат за турнирот. УЕФА резервираше две места за домаќините на турнирот во групната фаза. Тие ќе им бидат доделени на тимовите што ќе завршат први во квалификациската рунда.