Историски трипл-дабл за Вестбрук, Леброн и Кари броеја до 42, Дончиќ - потфрли (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА-лигата ја одбележа одличниот настап на три големи ѕвезди кои без мака ја минаа границата од 40 поени, а меч за паметење имаше и уште еден нивни „колега“ кој со универзална партија влезе меѓу бесмртните.

Станува збор за Расел Вестбрук, кој во триумфот на Оклахома тандерс против Бруклин нетс (114-112) оствари 21 поен заедно со 15 скокови и 17 асистенции за 108. трипл-дабл во својата кариера со што изби на третата позиција на вечната листа во оваа категорија. Пред него сега се само Меџик Џонсон со 138 и Оскар Робертсон со 181. Најефикасен, пак, на овој натпревар беше Пол Џорџ од „тандерс“, кој постигна дури 47 поени со 15 скока.

 

 

Во реприза на плејоф-финалето, Голден стејт вориорс го растури овој пат десеткуваниот Кливленд кавалирс (129-105) во меч во кој Стеф Кари постигна 42 поени додека Кевин Дурент беше стрелец на 24 поени.

 

 

Леброн Џејмс исто така имаше реализирано 42 поени во драматичната победа на ЛА Лејкерс против Сан Антонио спарс (121-113), а зад него беше Кузма со 22 поени. Кај „спарси“ најпрецизен беше Дерозен со 32 поени.

 

 

Далас маверикс претрпе убедлив пораз во пресметката со Њу Орлеанс хорнетс (106-132), а една од причините за тоа беше нешто полошата игра на Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со само осум поени, четири скока и шест асистенции. Со трипл-дабл флертуваше Србинот Никола Јокиќ, кој со 12 поени, 13 асистенции и осум скокови беше меѓу најзаслужните за триумфот на Денвер нагетс на гости кај Орландо меџик (124-118), седми во низа за овој клуб.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Голден Стејт 105-129, Орландо – Денвер 118-129, Атланта – Вашингтон 117-131, Бруклин – Оклахома 112-114, Торонто – Филаделфија 113-102, Мемфис – ЛА Клиперси 96-86, Милвоки – Детроит 115-92, Минесота – Шарлот 121-104, Њу Орлеанс – Далас 132-106, ЛА Лејкерси – Сан Антонио 121-113.