Хуман гест: Богдановиќ донираше 50.000 долари на болница во Мостар

Ниту Босна и Херцеговина не остана имуна на опасниот вирус, со кој се соочи цел свет, а болниците се потешкотии, па затоа секоја помош е добредојдена.

НБА-кошаркарот Бојан Богдановиќ, кој е роден во Мостар, реши да му помогне на неговиот град со тоа што донираше 50.000 долари за да купат нов респиратор.

Богдановиќ стана уште еден од балканските спортисти, кои решија да им помогнат на своите татковини и да донираат помош во респиратори или пари.