Голден Стејт пред промоција во големото финале (ВИДЕО)

Голден Стејт поведе со 3-0 во финалната серија на Западната конференција против Портланд, откако утринава славеше на госински паркет со 110-99.

Портланд имаше водство во текот на целото прво полувреме, а во втората четвртина дојде и до највисока предност од +18. Во третиот период Вориорс ги задржаа Блејзерс на само 13 поени за 12 минути и го најавија пресвртот и дојдоа до првото водство од 76-77. Потоа немаше назад за Портланд и Голден Стејт дојде до сигурна победа од 110-99.

Стеф Кари со 36 поени го предводеше актуелниот шампион, додека фантастичен натпревар одигра и Дрејмонд Грин, кој постигна трипл-дабл со 20 поени, 12 асистенции и 13 скока. Си Џеј Мекалум со 23 поени беше најефикасен во редовите на Портланд, додека Лилард реализираше 19.

И четвртиот натпревар се игра во Портланд, кој мора да победи доколку сака да ги продолжи надежите за пласман во големото финале.