Гобер со лакт го патосира Јокиќ, потоа тргна да тепа уште еден кошаркар на Денвер (ВИДЕО)
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 26 поени, девет скокови и 13 асистенции, а Арон Гордон придонесе со 31 поен и 12 скокови. Сепак, тоа не беше доволно за да се победи против Минесота и расположениот Ентони Едвардс, кој постигна 29 поени. На осум минути пред крајот на натпреварот, Руди Гобер се обиде да постигне кош покрај Јокиќ, но при борбата за позиција го удри српскиот центар со лакт право во лице. Јокиќ падна на паркетот, а судиите веднаш го прегледаа видеото и му доделија на Гобер неспортски фаул. Јокиќ го продолжи натпреварот и покрај повредата на забите.
Во самиот финиш, Кристијан Браун изведе спектакуларен забивачки удар во лицето на Гобер и го прослави кошот пред него. Овој потег не му се допадна на Гобер, кој го оттурна за вратот, што предизвика краток инцидент, кој брзо беше смирен. Со овој потег, Гобер само ја зголеми листата на контроверзни моменти во својата кариера.