Го прелета Дончиќ и ѕверски заби, по што го „доби“ најсмешиот фаул во плејофот (ВИДЕО)

Кошаркарот на Голден стејт, Ендрју Вигинс, го имаше најатрактивното забивање во досегашниот од плејофот во НБА, откако буквално го прелета Лука Дончиќ во синоќешниот триумф над Далас маверикс (109-100), по што следуваше - смешна одлука на делителите на правдата.

Еден од судиите веднаш ја прекина еуфоријата кај „воините“ поради феноменалниот потег на нивниот соиграч, со оглед што досуди фаул во напад, кој апсолутно никој друг во салата не го забележа.

За среќа на гостите на оваа средба, Стив Кер ја искористи можноста за „челинџ“, по што судиите се корегираа и ја поништија одлуката за прекршок, а го признаа атрактивните поени на Вигинс.