Ги нема најдобрите - нема проблем, Филаделфија победува и без Ембид и Харден (ВИДЕО)

Филаделфија и покрај тоа што играше без своите главни ѕвезди, Џоел Ембид и Џејмс Харден, го совлада Бруклин со 115-106, на Јокиќ му фалеше само скок за трипл-дабл, но Денвер дома загуби од Детроит со 108-110, Ентони Дејвис не можеше сам против Феникс, нов пораз на Лејкерс.

Филаделфија во последно време ја крена формата, синоќа не можеа да сметаат на своите главни играчи Ембид и Харден кој беа отсутни поради повреди, но и покрај тоа дојдоа до триумф. Го победија Бруклин со 115-106.
 
Тоби Харис со 24 поени беше најфеикасен во составот на Филаделфија, Мелтон постигна 22, одличен беше и Рид со 19 поени и 10 скокови. Кај Бруклин најдобар беше Ирвинг со 23 поени.

Денвер на свој терен загуби од слабиот Детроит со 108-110. На Никола Јокиќ му недостасуваше скок за трипл-дабл, натпреварот го заврши со 31 поен, 10 асистенции и девет скока. Најдобар во составот на Детроит беше Богдановиќ со 22 поени, имаше и девет скока.

Лос Анџелес Лејкерс со пораз од 115-105 се враќа од гостувањето кај Феникс. Ентони Дејвис имаше фантастична партија со 37 поени и 21 скок, но тоа не беше доволно за триумф. Букер и Бриџис со по 25 поени го предводеа Феникс до победата.

Резултати:

Филаделфија - Бруклин 115:106
Мемфис - Сакраменто 109:113
Денвер - Детроит 108:110
Феникс - ЛА Лејкерс 115:105