Гасол роденденот го мина во дружба со ќерките на Коби Брајант (ФОТО)

Пау Гасол вчера наполни 40 години и својот роденден го прослави со семејството на Коби Брајант.

Тој беше да ги посети сопругата и трите ќерки на неговиот трагично загинат другар со кој имаше огромни успеси во дресот на Лејкерс. Ванеса Брајант, сопругата на Коби на „Инстаграм“ сподели неколку фотографии како Шпанецот се дружи со нејзините три ќерки.

Овој потег на Гасол ги направи среќни сите во семејството Брајант, но секако ја воодушеви и јавноста.

Коби Брајант трагично го загуби животот во јануари годинава во хеликоптерска несреќа во која загина и неговата ќерка Џијана, како и седум други лица. Гасол и Брајант освоија две шампионски титули во дресот на Лејкерс.