Францускиот џин во НБА уште расте, во новата сезона влегува повисок!

Францускиот кошаркар, Виктор Вембанјама и понатаму расте, беше потврдено на медиа денот организиран пред почеоткот на новата сезона во НБА лигата.

Имено, центаот на Сан Антонио Спарс на последните мерења бил висок два метри и 23.5 сантиметри и тоа е за 2.5 сантиметри повеќе во однос на истото време минатата година.

Инаку, Вембанјама имаше проблеми со повреда на рамото, но сега доби дозвола и може да игра.

„Толку работев на своето тело и мислам дека веќе нема простор за било каков напредок. Може да напредувате до одредена точка, а мислам дека го достигнав максимумот кој е можен измеѓу две сезони. Сега ми е потребно да играм кошарка“, изјави Вебанјама.

Минатата сезонна до повредата тој одигра 46 натпревари во кои просечно имаше учинок од 24.3 поени, 11 скокови и 3.8 блокади по натпревар.

Фото: San Antonio Spurs