
Израелците остануваат недопирливи во европскиот и светскиот фудбал
Претставници на неколку европски фудбалски федерации се обидоа да издејствуваат суспензија на израелските клубови и репрезентации, но од тоа нема да има ништо. За две недели, сениорската репрезентација на Израел регуларно ќе ги одигра квалификациските натпревари за Светското првенство против Норвешка и Италија, а клубовите ќе ги продолжат своите настапи во европските купови.
Не само што нема суспензија, туку Советот на УЕФА воопшто не го стави ова прашање на дневен ред иако се очекуваше минатата недела да се гласа по ова прашање. Најава за евентуално отстранување нема ни од Интернационалниот Олимписки комитет, па засега се останува по старо и Израелците ќе продолжат да се натпреваруваат.