
Откриена платата на Мурињо: Во Бенфика заработува најмалку во последните 20 години
Мурињо минатиот месец доби отказ во Фенербахче, а набрзо потоа Бенфика реагираше и го доведе во своите редови. За Мурињо работата во Бенфика е враќање на местото каде што пред 25 години ја започна тренерската кариера, а исто така тоа беше и негов 12.тренерски ангажман.
Во првите три натпревари 62-годишниот стратег со Бенфика оствари две ппобеди и едно реми, а сега го чека натпревар против Челси на „Стенфорд Бриџ“ каде што остави длабока трага.
Претседателот на Бенфика потвди дека Мурињо има двегодишен договор, но не сакаше да зборува за неговата плата, сепак медиумите открија дека Мурињо ќе добие околу три милиони евра во првата и четири во втората сезона.
„Нема да го кажам вкупниот износ, не сум овластен да кажам колку Жозе зааработува. Дали тоа прашање го поставивте во Спортинг или Порто? Тренер од ваков калибар има своја цена. Не е во ред да се зборува за платата на некого на телевизија. Тоа е вреден договор, поголем од оној што го имаше Роџер Шмид. Тоа можам да ви го кажам“, изјви Коста.
Фото: SL Benfica