
И легендите на другите клубови удираат по Аморим: Тој е катастрофа за Јунајтед
Се јави некогашниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер кој последните години работи како телевизиски аналитичар и порача дека португалскиот стручњак е катастрофа за клубот од Олд Трафорд.
„Мислам дека тој е уште тука затоа што моќниците на Манчестер Јунајтед направија толку многу грешки на и надвор од теренот што не сакаат да признаат уште една од нив. Аморим е катастрофа за Манчестер Јунајтед. Тоа што го правеше во Спортинг беше фантастично и изгледаше дека ќе биде одличен во трнерскиот свет, но неговиот систем никогаш не одговарал на традицијата на Манчестер Јунајтед. Што порано клубот донесе одлука да го отпушти, тоа е подобро за сите“, смета Карагер.
Јунајтед се наоѓа на 14. место во Премиер лигата со само седум бода по седум одиграни натпревари.