„Сакам Реал да изгуби од Каират, секој негов пораз ми е мелем за срцето“

Легендарниот руски фудбалер Андреј Аршавин посакува сензација денеска на дуелот меѓу Каират и Реал, во второто коло од Лигата на шампионите.

Својата кариера тој ја заврши токму во Каират, каде настапуваше од 2016 до 2018 година, а денеска ќе биде голем навивач на казахстанскиот клуб кој го пречекува најтрофејниот во елитното натпреварување.

„Се надевам дека Каират ќе победи. Секој пораз на Реал ми е мелем на срцето. Не би играл за Реал за ниедни пари на светот, моите пријатели беа изненадни од тоа што тој клуб за мене е табу, Јас долго време сум навивач на Барселона, додека играв за Зенит, имаше понуда за мене од 15 милиони евра, но клубот одби. Сакав да играм за Барса, но ни играњето за Арсенал не беше лошо“, рече Аршавин.

Каират во првото коло направи сензација, совладувајќи ја Бенфика во Лисабон, но вечерва ќе се обиде да дојде до чудо против 15-кратниот шампион на Европа, во својот прв натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите.