
ПСЖ на мака - без четворица главни играчи во Барселона
Тренерот Луис Енрике го одреди списокот на фудбалери кои ќе патуваат за Шпанија и на него недостасуваат четворица можеби клучни играчи: капитенот Маркињос, потоа Дембеле, Кварацкелија и Дуе. Сите тие имаа огромен придонес за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите минатата сезона.
Во тимот има други ѕвезди, како Хакими, Фабијан Руиз, Нуњо Мендес, Витиња и Баркола, но неодамна повреди доживеаја и Руиз и Витиња и прашање е во каква состојба се тие во моментов.