Финскиот „летач“ го постеризира Јокиќ па застана да му фати – сеир (ВИДЕО)

Американските медиуми често пишуваат за одличните акции на Никола Јокиќ и за неговите фантастични потензи, но утринава српскиот центар се најде на „тапет“ поради фактот што се најде на другата страна – на надмудрените.

Тој беше постеризиран од Лаури Марканен и тоа веќе во првиот напад на натпреварот. Кошаркарот на Кливленг кавалирс летна високо над центарот на Денвер нагетс и атрактивно ја заврши акцијата.

Финецот, истовремено, не ја пропушти можноста да си даде дополнително значање на потегот, откако по забивањето застана некоплку секунди над Србинот гледајќи го со – лут поглед.