ФБИ откри детали за скандалот кој ја потресе НБА лигата: Обвинети се 40 лица!
Новинарот Џо Помпилано по конференцијата за медиуми соопшти некои од деталите. Од ФБИ го потврдиле аспењето на Билапс и Розиер, но со дополнување дека уапсен бил и Демон Џонс, поранешен НБА тренер и кошркар кој не е споменат во првите објави. Покрај нив уапсени се уште 27 лица и 13 членови на мафијата во 11 сојузни држави. Тие се обвинети за илегално коцкање, изнуда и нелегален трансфер на пари.
Шест лица се обвинети за корупција во спортот бидејќи откривале тајни информации за НБА кошаркарите и екипите. На основа на тие информации се уплаќале облози. Останатите се обвинети за организирање на нелегално играње покер.
Тери Розиер им кажал на обвинетите дека на 23 март во 2023 година ќе биде заменет поради поврееди. Тоа на крајот и се случило, а сега обвинетите уплатиле 200.000 долари дека Роџер ќе одигра меч под своите вообичаени статистички бројки. Тој по девет минути игра се пожалил на повреда по што бил заменет и не се вратил на паркетот.
Вмешан бил и поранешниот кошаркар Џонтај Портер од Торонто Рапторс. Тој добивал закани од мафијата поради своите коцкарски долгови, па поради тоа не е помеѓу обвинетите. Познато е и дека уапсените најчесо се обложувале и добивале на натпреварите на: Шарлот, Портланд, ЛА Лејкерс и Торонто.
Фото: Miami HEAT/FB