Екс-голман на Манчестер сити објави пензија: Време е за крај!

Aнглискиот голман, Скот Карсон објави дека се повлекува од професионалното играње фудбал.

По заминувањето од Манчестер сити, изминатото лето, Карсон не успеа на 40 години да пронајде нов ангажман.

„По фантастичното патување помеѓу стативите, време е да објавам крај на кариерата. Ми беше чест. Фудбалот ми даде се“, објави Карсон на својот Инстаграм профил.

Зад него е долго кариера во кој не бранеше често. Беше трет голман на Манчестер сити, но си осви четири титули во низа од 2021 до 2024 година. Исто така ја освои и Лигата на шампионие во 2023 година, а во наведениот период бранеше само на два натпревари, еден во Лигата на шампионите и еден во првенството.

Карсон со Ливерпул во 2006 година ја освои титулата во најелитното европско натпреварување, каде што сепак беше резерва. Во таа година Карсон настапи само на два натпревари. Треба да се каже и дека беше репрезентативец, медиумите тука се интересираат

Прв голман Карсон беше во клубови во кои не успеа ништо да освои. Најмногу натпревари помина во ест Бромович, Астон вила, Бурсаспор, Чарлтон, Шефилд Венздеј и Лидс.

Фото: EPA