Европејците ја предводат најдобрата петорка во НБА-лигата за 2021/2022

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ и актуелен МВП, крилото на Милвоки, Јанис Адетокумпо и Лука Дончиќ од Далас се избрани во најдобрата петорка во НБА-лигата за оваа сезона 2021/2022.

Во изборот на тимот гласаат 100 новинари, а интересно е тоа што Адетокумпо доби максимални 500 бодови, бидејќи за прво место се доделуваат по пет. Дончиќ и Јокиќ се израмнети на второто место со по 476 бодови, додека петорката ја комплетираат ѕвездата на Феникс, Девин Букер со 460 бодови и Џејсон Тејтум од Бостон со 390 гласови. 

Интересно е тоа што Адетокумпо се најде во идеалната петорка четврта сезона по ред и тоа со максимален број на гласови. 

Втората петорка ја сочинуваат Жоел Ембид, Џа Морант, Кевин Дурент, Стеф Кари и Демар Дерозан. Третата петорка исто така е полна со ѕвезди како Леброн Џејмс, Карл-Ентони Таунс, Крис Пол, Тре Јанг и Паскал Сијакам.