Џордан потроши 3,5 милиони долари за моќен автомобил (ФОТО)

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан се пофали дека си го купил автомобилот „Хенеси Веном Ф5 Роудстер“, кој чини 3,5 милиони долари.

Автомобилот е еден од најмоќните во светот и може да развие брзина од речиси 500 километри на час.

„Денеска е посебен ден. Чест е да се создаде специјален Веном Ф5 за специјален гостин“, напиша генералниот директор на компанијата кој се фотографираше во друштво на Џордан.