Џордан отвори четврта клиника на која ќе биде бесплатно лекувањето

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника во Северна Каролина, со цел да им помогне на најзагрозените членови на заедницата.

Клиниката има 680 метри квадратни и 12 ординации, а ќе им дава медицинска помош на лицата на кои не можат да платат за лекување во текот на работните денови.

„Мило ми е што отвораме нова клиника, која ќе има влијание врз здравјето на поединци во мојот роден град“, кажа Џордан.