Дурент и „бејби Јокиќ“ му одржаа лекција на Портланд, „џезерите“ броеја до 150 (ВИДЕО)
Американскиот репрезентативец постигна 30 поени, додека популарно наречениот „бејби Јокиќ“ беше на чекор до трипл-дабл со 25 поени, десет скокови и девет асистенции. На спротивната страна најрасположен беше Дени Авдија со 22 поени и десет скокови, но неговиот учинок не беше доволен да го спречи високиот пораз на Портланд.
Кошаркарите на Јута Џез на свој терен го добија највозбудливиот натпревар од вечерта, совладувајќи го Чикаго (150-147) по две продолженија. Домаќините успеаја да се вратат во игра и покрај негатива од 15 поени во третата четвртина, а по 127-127 во регуларниот дел и повторно нерешено на крајот на првото продолжение, победникот беше решен во последните секунди. Џорџ погоди тројка на само 0,8 секунди до крајот и ја донесе победата за Јута, која ја предводеше Лаури Марканен со блескави 47 поени. За Чикаго најдобар беше Коби Вајт со 27 поени.
Големо внимание привлече и Детроит Пистонс, кој ја совлада Филаделфија (114-105) и ја продолжи својата импресивна серија од девет победи по ред. И покрај тоа што настапи без неколку клучни играчи, меѓу кои Кејд Канингем, Џејлен Дуран, Усар Томпсон и Тобајас Херис, тимот на тренерот Џон-Блер Бикерстаф уште еднаш покажа зрелост и длабочина во ростерот. Детроит сега има скор 11-2 и се зацврти на врвот на Источната конференција. Најзаслужни за новата победа беа Џавонте Грин со 21 поен и Денис Џенкинс со 19, кој го изведе и најатрактивниот потег на мечот погодувајќи шут од центарот на истекот на третата четвртина. За Филаделфија повторно најдобар беше Тирис Мекси со 31 поен, додека Џоел Ембид го пропушти својот шести меч сезонава поради повреда на коленото.
РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Феникс 124-122, Јута – Чикаго 150-147 (2п), Далас – Портланд 138-137 (п), Хјустон – Орландо 117-113 (п), Њу Орлеанс – Голден Стејт 106-124, Вашингтон – Бруклин 106-129, Сан Антонио – Сакраменто 123-110, Бостон – ЛА Клиперс 121-118.
ФОТО: X / @HoustonRockets