Екс-фудбалер на Јувентус и Милан се пензионираше на 31 година!

Поранешниот дефанзивец на Јувентус и Милан, Матија Калдара на само 31 година по долгата борба со тешките повреди објави крај на кариерата.

Калдара во текот на кариерата собра вкупно 199 настапи, а најголема трага остави во Аталнта од каде што во Јувентус премина за 15 милиони евра во 2017 година. Подоцна во зделката во која Бонучи се врати во Јувентус се пресели во таборот на „росонерите“.

Повлекувањето го потврди со емотивна порака.

„Драг фудбалу, се простувам од тебе, одлучив да завршам. Одлуката не беше лесна, не е лесно ниту да го напишам ова. Цело време одново ги читам зборовите, можеби тоа е единствениот начин барем малку да го прифатам. Сега пронајдов мир, меѓутоа ми беше потребно време да донесам ваква одлука. Се започна по прегледот на специјалист кој ми кажа: Матија, немаш веќе рскавица во коленото. Ако продолжиш, ќе мора за неколку години да ти ставиме протеза“. Едноставно, моето тело ме предаде“, напиша Калдара.

Кариерата Калдара ја завршува како фудбалер на Модена во Серија Б каде што го имаше последниот настап.