Тухел го предупреди Белингам: Никогаш нема да ја сменам мојата одлука

Aнглискиот селектор, Томас Тухел го предупред Џуд Белингам за неговото однесување по неговаа бурна реакција по замената во вчерашната победа против Албанија од 2-0.

Моментот се случи во самата завршница откако Кејн го постигна својот втор гол, а на местото на Белингам кој веќе имаше жолт картон во игра влезе Морган Роџерс. Кога виде дека ќе биде заменет, фудбалерот на Реал Мадрид покажа фрустрација и Тухел по дуелот веднаш му испрати предупредување.

„Видов дека не беше среќен. Морам да ја прегледам ситуацијата повторно. Но, кога во екипата имате фудбалери како Џуд, секогаш толку натпреварувачки насочени, никогаш тоа нема да им се допадне. Сепак, јас стојам и на своите зборови, ние се држиме до стандардите и посветеноста едни кон други со меѓусебна почит. Значи, ако некој чека надвор, нема да ја променам одлуката само затоа што некој друг мавта со рацете“, порача Тухел.

Ќе потсетиме, Англија квалификациите ги заврши со перфектен учинок од осум победи во исто толку натпревари и без примен гол, а постигнати 22.