Алкараз неочекувано му се закани на Синер по поразот во финалето во Торино!
Иако Шпанецдот ја завршува годината како светски број 1, тој повторно мораше да му честита на Синер, кој во последните месеци игра во феноменална форма – освојувајќи ги Пекинг, Виена, Париз и сега Торино и тоа втора година по ред.
Синер со победата го одбрани трофејот и го намали меѓусебниот скор на 6-1, најавувајќи дека ривалството на врвот на машкиот тенис само што добива ново поглавје. Алкарас по мечот имаше јасна порака за ривалот.
„Многу сум задоволен од моето ниво денес. Играв против тенисер кој две години нема пораз во сала. Заслужена титула за него. Се надевам дека следната година ќе биде подготвен – зашто јас ќе бидам! Уште од сега го предизвикувам и му се заканувам. Сакам да играме уште многу финалиња еден против друг“, изјави Шпанецот.
Синер, пак, не го криеше воодушевувањето.
„Нема подобар крај на сезоната од овој. Многу тежок и израмнет меч против Карлос. Против него мораш да играш совршено. Среќен сум и горд – оваа победа значи навистина многу за мене“, рече Италијанецот.
ФОТО: EPA PHOTO