Ирците ќе навиваат за Македонија за да се качат барабан погоре!

Репрезентацијата на Ирска направи вистинско чудо во квалификациите, откако во последното коло ја шокира Унгарија (3-2) и обезбеди бараж за Светското првенство (СП), но сега ќе се надева и на добар резултат на Македонија на гостувањето кај Велс.

Ирска во моментов е во третиот барабан заедно со Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, но тоа би можело да се промени доколку Македонија остане непоразена во Кардиф.

Македонија игра против Кардиф утре од 20.45 часот, па ќе ѝ биде потребно барем реми за да го обезбеди второто место во групата, а со тоа и ќе ѝ помогне на Ирска да напредува еден барабан погоре.

Фото: FAIreland