Фудбалски судија брутално ја ликвидирал својата девојка во Мостар (ВИДЕО)

Фудбалскиот судија од Првата лига на БиХ, Анис синоќа ја застрелал својата девојка Алдина, а медиумите ги откриваат деталите од бруталното убиство.

Медиумите пишуваат дека жената почнала да бега од Автобуска станица, а напаѓачот тргнал по неа со автомобилот. Кога забележал дека влегува во угостителски објект, го оставил своето возило и тргнал по неа, а потоа ја застрелал во тоалетот.

Анис наводно се обидел и да се самоубие, но пиштолот му се закочил, а во меѓувреме пристигнала полиција која го уапсила фудбалскиот судија.