Луда математика: Победа во Кардиф со седум гола и реми во Брисел ни носи директен пласман на СП!

Македонија гостува во Кардиф кај Велс во последното коло од квалификациите за Светското првенство (СП), а пред мечот се споменува сценарио кое делува дека е во границите на невозможното, но кога станува збор за фудбал сè може да се случи.

Нашите репрезентативци би можеле да стигнат и до првото место во групата и да обезбедат директен пласман на СП 2026, но за такво нешто ќе ни треба победа против Велс, но исто така и кикс на Белгија против Лихтенштајн.

Првото сценарио за Македонија да стигне до до првото место е доколку слави против Велс со било каков резултат, а Белгија загуби од Лихтенштајн.

Второто сценарио е Белгија да ремизира против Лихтенштајн во Брисел, додека Македонија ќе мора да слави со седум голови разлика во Кардиф за да го преземе врвот.

Натпреварите од последното квалификациско коло за СП 2026 од нашата група се играат утре од 20.45 часот.