Халанд останал во шок: Манчини почна да ме допира по задникот!

Фудбалерите на Норвешка триумфираа со 4-1 против Италија во последното коло од квалификациите за Светското првенство (СП) со што го потврдија директниот пласман на Мундијалот.

Халанд, сепак, откри што се случувало на теренот и како дефанзивецот на „аѕурите“, Џанлука Манчини се обидел да го вознемири.

„Кога резултатот беше 1-1, Манчини почна да ме допира по задникот и си помислив што се случува!? Меѓутоа, набрзо се смирив и му се заблагодарив за мотивацијата“, кажа Халанд.

Фото:  Fotballandslaget