Масовна тепачка по мечот меѓу Куманово и Пелистер – еден приведен за кршење возила!

Едно лице од Куманово е приведено по синоќешната масовна пресметка што се случила по дерби кошаркарскиот дуел меѓу Куманово и Пелистер, во кој биле нападнати полициски службеници и биле оштетени возила на гостинскиот тим.

Инцидентот се случил околу 21 часот во спортската сала во Куманово, каде што, според полицијата, по завршувањето на натпреварот дошло до жесток судир меѓу навивачките групи на двата клуба. Во хаосот дел од инволвираните се нафрлиле и врз полициските екипи кои се обидувале да го спречат понатамошното ескалирање. Од СВР Куманово соопштуваат дека меѓу учесниците бил идентификуван 23-годишниот К.Ж. од Куманово, кој бил снимeн како со тврд предмет оштетува повеќе возила што припаѓале на гостинската екипа. Тој веднаш бил приведен, а против него е поднесена соодветна документација.

Полицијата најавува дека истрагата продолжува, со цел да се утврдат сите вклучени во насилството и да се поднесат кривични и прекршочни пријави.

„Во тек е постапка за идентификација на учесниците во групната пресметка и ќе следуваат соодветни мерки“, информираат од МВР.

Мечот во кумановската сала заврши со победа на Пелистер со 87-79.