Белами: Имаме предност против Македонија - играме дома!

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот против Велс во рамките од последното коло во квалификациите за Светското првенство, а во него со домашната селекција ќе водиме битка за второто место во групата.

Второто место во групата обезбедува подобра позиција пред ждрепката во мундијалскиот бараж и затоа натпреварот е со голема важност и за двете селекции.

„Секако дека ја посакуваме втората позиција, одиме натпревар по натпревар. Убаво е кога натпреварот има тежина и овој е еден од поважните откако сум тука. Секогаш е голема предноста кога играме на домашен терен, знаеме дека мораме да победиме, но мора да сме и трпеливи“.

Според Белами, Македонија е репрезнтација на која ѝ одговара да ја нема топката во свој посед.

„Македонија е репрезентација која се брани длабокo, им одговар да немаат посед и многу се добри во контра нападите“.

Натпреварот во Кардиф се игра утре од 20:45 часот, а на Македонија за да остане на второто место ѝ биде доволно и реми.