Eкс-тренерот на Пелистер и МЗТ ќе го спасува Гостивар, го чека пеколно деби

Eкипата на Гостивар назначи нов стратег по очајниот старт на сезоната во кој забележа само една победа во седум натпревари, а изборот падна на поранешниот тренер на МЗТ и Пелистер, Александар Петровиќ.

Отказот за досегашниот предводник Љупчо Малинков доаѓа по поразот од Чаир 2030 во претходното коло. Петровиќ ќе има тешка задача уште на дебито кое ќе биде против лидерот на табелата и клубот каде што го имаше последниот мандат, Пелистер на 22 ноември.

Покрај работата во МЗТ и Пелистер во својата кариера, Петровиќ беше на клупата уште на Карпош Соколи, Куманово и Академија ФМП.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by IstBasketMk (@istbasketmk)