Словенците збеснаа поради огромниот број Албанци на стадионот во Љубљана!

Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) се огласи еден ден по поразот од Косово (0-2) во квалификациите за Светското првенство, откако јавноста остро реагираше на големото присуство на косовски и албански знамиња на трибините на стадионот „Стожице“ во Љубљана.

По поразот кој значеше и елиминација од трката за Мундијал, словенечките навивачи дополнително беа изненадени од бројноста и гласноста на гостинските навивачи и покрај уверувањата на ФСС дека внесувањето обележја ќе биде строго ограничено. ФСС ги потврдил мерките кои важеле пред натпреварот – гостинските знамиња биле дозволени единствено во посебно одделениот сектор за навивачите на Косово, додека на сите останати трибини тие биле формално забранети. Меѓутоа, поради огромниот број навивачи на Косово, кои купувале билети преку редовни канали, знамиња и симболи се појавиле на сите делови од стадионот.

ФСС објаснува дека забраните на влезовите биле ублажени непосредно пред почетокот на натпреварот, по процена на полицијата и службите за обезбедување дека ригорозното одземање обележја може да доведе до напнатост и инциденти. Затоа, според Сојузот, безбедносните служби се фокусирале само на отстранување навредливи и провокативни транспаренти и симболи.

Тие додаваат дека, согласно европското законодавство, не можат да ја контролираат продажбата на билети врз основа на националност, па голем дел од картите купени за домашните сектори завршиле кај гостинските навивачи.

ФОТО: EPA PHOTO