Дурант го симна Мело од врвот и постави нов олимписки рекорд

Кевин Дурант во моментов е најдобар стрелец на кошаркарската репрезентација на САД на Олимписките игри, а притоа успеа да го урне Кармело Ентони од врвот по број на постигнати поени.

Американците во третиот меч во Токио ја декласираа Чешка, а ѕвездата на Бруклин нетс постигна 23 поени, осум скокови и шест асистенции.

Дурант стигна до бројката од 354 поени на Олимписките игри, па така зад себе го остави Мело, кој настапи на четири натпреварувања и постигна 336 поени.

„Никогаш не сум размислувал за таков рекорд“, кажа Дурант.

Зад Дурант и Мело се наоѓаат Леброн Џејмс со 273, Робинсон со 270 и Џордан со 256.