
Драма во финалето на Истокот: Браун со тројка го спаси Бостон (ВИДЕО)
Гостите беа многу блиску до брејк во воведниот меч, имаа пет поени предност во финишот, на 30 секунди пред крајот на основниот дел и 117-114, а потоа два напада завршија со загубена топка. Единствената грешка ја направи тренерот на Индијана, Рик Карлајл кој не побара тајмаут во клучните моменти, па по втората загубена топка Џејлен Браун постигна на 6 секунди пред крајот и го израмни резултатот. Во останатиот дел од времето Индијана не успеа да поентира и натпреварот отиде во продолжение.
Одлучувачка во дополнителните пет минути беше серијата од 8-0 по која Бостон отиде на 129-123, но за разлика од протовникот, умееше таа предност да ја задржи и да поведе во финалето.
Џејсон Тејтум со 36 поени и 12 скока беше најдобар играч на натпреварот, но голема помош имаше и од Холидеј (28 поени) и Браун (26 поени), па ова трио заедно постигна 90 од 133 поени на тимот. Тајрис Халибартон заврши како прв стрелец на Индијана со 25 поени.