Дончиќ утна шут за победа, Голден стејт капитулира во Феникс! (ВИДЕО)

Само четири меча понуди минатата ноќ во НБА-лигата, но доволно драма и акција како за комплетна програма.

Шампионот Голден стеј беше убедливо поразен во дербито со Феникс, на гости (134-105), откако на стартот од третата четвртина остана без Клеј Томпсон. Бекот беше исклучен првпат во кариерата, затоа што ги загуби нервите и не престана да се кара со Девин Букер. Целата таа ситуација донесе седум технички грешки, покрај двете на Томпсон, една доби Букер, Ејтон и Пол исто така влегоа во судиската евиденција, а од редовите на Голден стејт, поради протест бележани беа тренерот Стив Кер и неизбежниот кавгаџија, Дрејмонд Грин. Букер предводеше со 34 поена, Ејтон му помгна со дабл-дабл од 16 коша и 14 скока, а кај Вориорс Стеф Кари застан на 24. 

Неколку часа претходно, во Њу Орлеанс се одигра уште еден интерсен дуел на западот, меѓу Пеликанс и Далас Маверикс, а домаќините славеа тесно со 113-111. Лука Дончиќ имаше блескав натпревар, со 37 поени, 11 асисетнции и седум скока, но кога дојде ред да шутира за победа, не успеа да погоди. Сепак, со неговиот индивидуален ефект, влезе во историјата и му се приклучи на Расел Вестбрук, како само втор играч кој по првите три меча од една сезона има 100+ поени, 25+ асистенции и 20+ скока. Кај Њу Орленас, во ситуација кога ги немаше Зајон Вилијамсон и Брендон Инграм, дури осуммина кошаркари имаа двоцифрен број поени.

На преостанатите две средби, Оклахома ја забележа првата победа оваа сезона, со 108-94 над ЛА Клиперс, кои беа драстично ослабени, без Каваи Ленард, Пол Џорд и Маркус Морис, додека Вашингтон го совлада Детроит со 120-99.