Дончиќ со лукзузен лет се врати во САД: Плати авионски билет од над 80.000 евра!

Навивачите на Далас беа многу загрижени за тоа кога Лука Дончиќ ќе се врати во САД.

Еден од најдобрите играчи во НБА-лигата за време на пандемијата на коронавирус беше во Словенија, каде работеше напорно за да ја задржи својата форма, но по неколку месеци дојде време за враќање во САД.

После нешто повеќе од десет часови лет, Дончиќ пристигна во Далас од Љубљана со приватниот авион на „Бомбардиер Глобал експрес“, кој го изнајми преку Флексит.

Станува збор за луксузен авион кој важи за еден од најсигурните на долги летови (до 10 000 километри), и како што има сè што би можел да посака патникот, не е изненадувачки што цената е доста висока.

Словенците откриваат дека Дончиќ издвоил помеѓу 80.000 и 90.000 евра за овој лет, односно колку еден стан во центарот на Скопје.