Дончиќ: Полесно се постигнуваат поени во НБА, отколку во Европа!

Лука Дончиќ синоќа постигна 20 поени во поразот на Далас маверикс од 107-122 против Милвоки бакс, а пред неколку дена дозна дека нема да биде дел од Олстарот поради малиот број гласови од кошаркарите и тренерите.

Дончиќ откри дека е разочаран, зашто нема да настапи на Олстарот, но исто така ја спореди и европската кошарка со НБА-лигата.

„Во НБА-лигата полесно се постигнуваат поени, отколку во Европа. Таму теренот е помал, а тука има и други правила, па мислам дека полесно се постигнуваат поени. Сакав да бидам дел од Олстарот, па се разочарав, откако беше соопштено дека нема да учествувам. Се надевам дека наредната година ќе ја добијам својата шанса“, вели Дончиќ.