Дончиќ почна да тренира, познато е кога ќе се врати! (ВИДЕО)
Словенечкиот кошаркар веќе почнал да тренира, излезе видео како има шутерски тренинг, а тоа им дава оптимизам на фановите на Лејкерс дека наскоро ќе го видат во стројот.
Официјален датум за враќање на Дончиќ нема, Џеј Џеј Редик рекол дека немаат нови информации.
Но, некои информации од американските новинари велат дека Дончиќ ќе се врати на третиот меч против Оклахома, односно првиот домашен дуел за Лејкерс во оваа серија.