Дончиќ одличен, но не и Далас - пораз од Мајами! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше одлична партија постигнувајќи 42 поени, но и покрај тоа Далас загуби на гостувањето кај Мајами со 129-122, големи се шансите да не се пласираат во плејофот.

Голема е веројатноста лошиот финиш на регуларниот дел од сезоната да го чини Далас место во плејофот. Таквите шанси се зголемија по поразот од Мајами.

Лука Дончиќ имаше одлична партија, постигна 42 поени, имаше 10 скокови и осум асистенции, но тоа не беше доволно за триумф. Хардавеј постигна 31 поен, а Ирвинг 23. Во составот на Мајами, најдобар беше Батлер со 35 поени и 12 асистенции.

Ноќеска се одигра само уште еден натпревар. Њу Орлеанс го совлада ЛА Клиперс со 122-114. И тука најефикасниот кошаркар е од поразениот тим, Ленард постигна 40 поени, најдобар кај домаќините беше Инграм со 36 поени.