
Дончиќ не ги задржа емоциите, плачеше и го полнеше кошот на Далас! (ВИДЕО)
Навивачите носеа посебни маици, а при преставувањето на екипите, кога требаше да се спомене името на Дончиќ, клубот пушти видео посветено на него.
Словенецот почна да плаче и покажа колку навистина му значеше Далас.
Но, потоа одигра фантастичен меч, беше најдобар на теренот и буквално го растури неговиот поранешен тим.
Лејкерс го добија мечот релативно лесно со 112-97, а Лука Дончиќ постигна 45 поени и беше убедливо најефикасниот на натпреварот.
Втор стрелец за гостите, а и на мечот беше Леброн Џејмс со 27 поени, кај Далас најефикасен беше Маршал со 23 поени. Ентони Дејвис кој Далас го трампаше за Дончиќ, реализираше само 13 поени.
Резултати:
Орландо - Бостон 96-76
Вашингтон - Филаделфија 103-122
Далас - ЛА Лејкерс 97-112
Торонто - Шарлот 126-96
Чикаго - Мајами 119-111
Јута - Портланд 133-126
Голден стејт - Сан Антонио 111-114
Феникс - Оклахома 112-125
Сакраменто 116-124
ЛА Клиперс - Хјустон 134-117