Дончиќ му дофрли на Кари, па за малку ќе предизвикаше тепачка (ВИДЕО)

Голден Стејт вориорс е на праг да го елиминира Далас маверикс од финалето на Западната конференција, а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ за малку ќе направеше хаос на теренот.

Дончиќ нешто му дофрлил на Стеф Кари, откако тој провоцираше во претходните два меча, а тоа го изнервира Дрејмонд Грин, кој на крајот беше казнет со техничка грешка.

Во меѓувреме реагираа и од двете клупи, но за среќа беше спречен поголем инцидент.